Search

Осум сообраќајки за еден ден

Вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави