Search

Опозицијата најави протест на 31мај, Рама за ден го одложи почетокот на изборната кампања

Албанската обединета опозиција одлучи следниот „национален протест” да го одржи на 31 мај,денот кога премиерот Еди Рама најави официјален почеток на изборната кампања за локаланите избори.

И двата настани требаше да се одржат во Тирана, но часот не беше прецизиран.

Експресно на одлуката за протест на опозицијата,седми по ред, реагираше Еди Рама,премиер, воедно и лидер на владеачката Социјалистичка партија,која на изборите ја предводи колацијата „Алијанса за европска Албанија”,во која се 24 партии.

Рама,кој официјалниот почеток на изборната кампања го соопшти пред десет дена,сега истиот го одлага за еден ден,односно за први јуни.

Во јавно упатеното писмо до лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша,тој меѓу другото синоќешниот протест на опозицијата го оценува како чекор назад.

Не штедејќи ја иронијата по која е познат, Рама ја повтори поканата за дијалог за надминување на политичката ситуација во земјата.

-Повеќе не лажете се самиот себе си, драг Љуљзим, времето истекува а потонувањето на вашиот брод само што почна. Се уште постои една мала можност за дијалог, пред вашите подdржувачи да ве фрлат прво Вас во вителот на водата каде што слепо(без размислување) го втурнавте тој брод,напиша Рама меѓу другото во писмото.

На крајот Рама објави дека официјлано изборната кампања ќе биде означена на први јуни бидејќи следниот протест на опозицијата ќе се одржи на 31-ви мај.

За разлика од опозицијата, која нема свои кандидати за локаланите избори закажани за 30 јуни и категорчно тврди дека нема да се одржат без опозицијата, коалицијата „Алијанса за европска Албанија”,свои кандидати за градоначалници и членови на Советите има во 61 општина.

За градоначалничкото место во општина Пустец, Социјалистичката партија го номинира Пали Колефски,Македонец, родум од Пустец , со семејството живее во Корча, вработен е во Царинската управа на Албанија, и подолг период е дел од структурите на Социјалистичка партија.

Треба да знаете
Последни објави