Search

Обрадор: Пресудата за Ел Чапо е доказ дека парите не купуваат среќа

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, смета дека пресудата за наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гусман е морална лекција која покажува дека парите не купуваат вистинска среќа.

„Среќа е да имате чиста совест и мир во себеси и со другите“, рече Обрадор, а пренесе агенцијата АП.

Гусман вчера во Њујорк беше осуден за трговија со дрога и му се заканува доживотна казна затвор.

Треба да знаете
Последни објави