Skip to main content
Спорт

Нови проблеми за Нејмар

05/11/2024  08:31

Бразилската ѕвезда на Ал-Хилал, Нејмар, ги загрижи своите навивачи откако поради повреда го напушти натпреварот против Естеглал во Лигата на шампионите во Азија. 32-годишниот напаѓач беше надвор од терените повеќе од една година поради повреда пред да се врати на терените на крајот на октомври. Вчера се појави како резерва во 57. минута, но на крајот од средбата беше принуден да ја напушти играта.