Search

„Нетфликс“ снима серија според најпознатиот роман на Маркес

„Нетфликс“ наскоро ќе почне да снима серија според романот „Сто години самотија“ од познатиот колумбиски автор Габриел Гарсија Маркес, објави „Си-ен-ен“.

„Ова е прв и единствен пат во повеќе од 50 години неговото семејство да дозволи овој проект да биде адаптиран и прилагоден за екранот“, рекоа од „Нетфликс“ во средата.

Романот „Сто години самотија“ беше објавен во 1967 година и е најпознатото дело на овој добитник на Нобелова награда за литература. Почетниот тираж изнесуваше 8.000 примероци, а романот досега е продаден во повеќе од 30.000.000 примероци и е преведен на 35 јазици.

Чилеанскиот поет Пабло Неруда рече дека „Сто години самотија“ е најголемото откритие на шпански јазик од времето на Дон Кихот.

Треба да знаете
Последни објави