Search

НБА: Лејкерс му подарија роденденска победа на Леброн Џејмс

Отсуството на Леброн Џејмс, кој ќе пропушти уште неколку натпревари поради повредата која ја заработи против Голден Стејт Вориорс, како да ги разбуди младите кошаркари во составот на Лејкерс. По разочарувачкиот пораз во последната секунда на минатиот натпревар против Кингс, синоќа тие добија шанса да им се одмаздат.

Пред домашните навивачи во Лос Анџелес, младиот тим на Лејкерс стигна до победа од 121:114 против Сакраменто Кингс и го подобри скорот во сезоната на 21 победа и 16 порази. Победата дојде во идеален момент за Леброн, кој вчера го прослави 34-от роденден.

Листата на стрелци ја предводеше Кентавиус Колдвел-Поуп, кој иако натпреварот го почна од клупата, успеа да уфрли 26 поени. Отсуството на Леброн Џејмс отвори повеќе простор за Брендон Инграм, кој одигра ретко добар натпревар и забележа 21 поен, 7 скока и 9 асистенции. Од останатите играчи, Кајл Кузма уфрли 18, а Џош Харт 22 поени.

Немања Бјелица и Иман Шамперт потфрлија, што резултираше во пораз за Сакраменто Кингс. Добрата игра на бековското трио Фокс-Хилд-Богдановиќ (кои заедно уфрлија 67 поени) беше засенето со бледата партија на играчите од клупата и се чини дека токму тука беше разликата помеѓу Кингс и Лејкерс.

Останати резултати:

Орландо Меџик – Детроит Пистонс 109:107

Мајами Хит – Минесота Тимбервулвс 104:113

Торонто Репторс – Чикаго Булс 95:89

Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 105:103

Портланд Трејл Блејзерс – Филаделфија Севентисиксерс 129:95

Треба да знаете
Последни објави