Search

Најмалку 36 жртви во терористички напад во Буркина Фасо

Најмалку 36 лица загинаа во терористички напад на пазар во Буркина Фасо, во провинцијата Санматенга, соопшти локалната Влада.

Како што се наведува во соопштението, вооружени милитанти влегле во селскиот пазар во Аламо, каде пукале во луѓе, а потоа го запалиле целиот пазар.

Претседателот на Буркина Фасо Рос Марк Каборе повика да се прогласи дводневна жалост и додаде дека засега се уште не е познато кој стои зад нападот.

Треба да знаете
Последни објави