Search

Мицкоски и коалиционите партнери бараат предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Владо Мисајловски денес оствари средба со претседателите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.

На средбата беше разгледана моменталната општествено – политичка ситуација во државата.

Последните случувања со случајот Рекет и милионското изнудување на пари од бизнисмени, беа оценети како поразителни за правниот систем. Таквата криминална операција, велат од ВМРО-ДПМНЕ, која траела со месеци е оценето дека не е можна без знаење на највисоките претставници на власта.

„Недејствувањето на ЈО и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата. Недозволиво е поради криминогеноста на власта да страдаат граѓаните и државата“, е заклучено на средбата.

Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со целосна стагнација на сите полиња. Особено во економска сфера. Граѓаните се сѐ посиромашни. Земјоделците понижени, лекарите незадоволни, образовните работници немотивирани. Заклучено е дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави