Skip to main content
Македонија

Митева: Најавено покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%

07/11/2024  13:43

Интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на Владата:

„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Со новата Влада, наставниците почнуваат да се чувствуваат сигурни и помотивирани продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Тоа е особено важно за подигнување на квалитетот на наставата и за континуитет во создавање нови и добро подготвени генерации.

Првото најавено покачување почнува да се реализира. Октомвриската плата, која се исплаќа овој месец, зголемена е за 5%. Расте нивната економска стабилност, како резултат на постигната спогодба помеѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, од минатиот месец, која предвидува кумулативно покачување на платите на наставниците помеѓу 46 и 60% во следните 4 години, а истото ќе зависи од степенот на инфлацијата.

Од март следната година ќе има ново покачување за 7%, за што, во буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година се предвидени зголемени блок дотации кон општините за 1 милијарда и 500-тини милиони денари, споредбено со блок дотации од тековна година. Во апсолутен износ блок дотациите за 2025 година ќе изнесуваат речиси 24 милијарди денари.