Search

Мисовски од Крушево: Веруваме во европската перспектива на Македонија

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево по повод празнувањето на денто на републиката – 2 август, изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем.

Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста.

Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност.

„Работевме напорно за да бидеме дел од НАТО сојузот, да изградиме стабилна, силна и економски просперитетна Македонија. Да се биде под чадорот на НАТО значи колективна безбедност, значи „сите за еден, еден за сите“, порача Мисовски од Мечкин Камен каде годинава празнувањето беше реализирано со посебни поротоколи поради пандемијата од коронавирусот и без масовна посетеност од граѓаните.

Мисовски кажа дека Македонија иако е мала земја по територија, стана пример во регионот.

„Веруваме во европската перспектива на нашата земја“, рече тој, и додаде дека ни се потребни функционални институции.

Упати апел да се исполнат ветувањата дадени кон граѓаните.

Во Крушево група граѓани извикуваше „Никогаш северна, само Македонија“ додека делегации положуваа цвеќе.

Треба да знаете
Последни објави