Search

Мисајловски: Секој политичар кој се огрешил пред законот, независно од тоа на која политичка партија припаѓа, мора да одговара!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната единица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и свое видување за предвремените парламентарни избори.

Мисајловски потенцираше дека во државата не владее ниту правото, ниту пак има правда. Освен корупција, криминал и уцени, СДСМ не донесе ништо друго. Младите луѓе не сакаат да живеат во држава која е правен лавиринт, односно каде што криминалците не одговараат за стореното, вели Мисајловски.

СДСМ иако долги години пропагираше борба за правда и мир, сепак во државата владее една анархија и хаос. Наместо правда, сведоци сме на рекет и судски пресуди кои што за некои луѓе се во висина од 15 години, а за некој 2 години. Таквите двојни аршини не се синоним за една правна држава.

“ВМРО-ДПМНЕ во својата програма вети многу работи, но една од најважните е ветинг во судството, односно кај одреден број на судии. Лично сметам дека таму има квалитетни судии, но сепак има и една црна дамка која мора еднаш да се исчисти. Мора да се спроведе постапка за проверување и утврдување на потекло на имот на судии, обвинители, политичари. Така ќе видиме како многу луѓе се збогатиле на грбот на народот, непринципиелно и нелегално”, вели Мисајловски.

На криминалот еднаш засекогаш мора да му дојде крајот. Независно кој од која политичка партија доаѓа, независно кој од која етничка припадност е, за сторен криминал ќе одговара. Правда во оваа држава мора да има и таа ќе дојде по 15-ти јули и победата на ВМРО-ДПМНЕ, заврши Мисајловски.

Треба да знаете
Последни објави