Search

Мирни и масовни протести на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос

– Протестите, што денеска се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос за ситуацијата со бегалците и мигрантите, во рамките на генералниот штрајк, поминаа мирно и масовно, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестите се одржаа под слоганот „Ги сакаме назад нашите острови”, а според локалните медиуми од трите острови, илјадници граѓани се собраа на централните плоштади за да испратат порака дека мора да се подобри ситуацијата во бегалските кампови, преку пренесување во други делови на Грција, бараат да се намали бројот на бегалците и мигрантите, но и да не се градат нови прифатни центри.

Префектот на островите од северниот дел на Егејското море заедно со градоначалниците, утре ќе пристигнат во Атина, за нивната резолуција со барањата да ги достават до кабинетот на Мицотакис, до Министерството за внатрешни работи и до Парламентот.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис , како што претходно објави МИА, коментирајќи го штрајкот, рече дека е оправдана огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза и паралелно најави дека утре ќе се сретне со надлежниот префект и со градоначалниците на трите острови.

Треба да знаете
Последни објави