Search

Мизрахи: Oставката на Заев е во насока на барање на стечаен управител на државата

Сметам дека неговата оставка е стратешки планирана и истата е во насока на барање на стечаен управител на државата, вели Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија за оставката на Зоран Заев од премиерската и претседателска позиција.

Мизрахи за можната коалиција помеѓу СДСМ-ДИУ и Алтернатива, вели дека не би навлегувала се додека не се официјализира, додавајќи дека мислела дека претседателот на Алтернатива Африм Гаши има свои принципи и вредности и дека партијата Алтернатива е всушност спротивно од политиките на ДУИ, посочувајќи дека не знае каква алтернатива ќе понуди доколку седне на иста маса со ДУИ.

-Не би навлегувала во тоа додека не видиме официјално кој ќе биде договорот помеѓу СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Но Алтернатива има интересно име и јас колку што знам името го добија по нивната политика и требаше да претставува Алтернатива од политиките на ДУИ во албанскиот блок. И сметав дека господинот Гаши како политичар има свои вредности и принципи да ја задржи својата вредност и на својата партија како алтернативна. Сега не знам каква алтернатива на ДУИ истиот ќе претставува кога ќе биде седнат во влада заедно со ДУИ каде што ќе треба да ги поддржува и политиките кои што се политики на ДУИ, и тоа ќе биде многу интересно да се гледа од страна, рече Мизрахи.

Треба да знаете
Последни објави