Search

Мајката на претепаното дете: Близначињата ги добив со ин витро, тој монструм треба да одговара за обид за убиство

Со години посакував да станам мајка, на крајот успеав, со ин-витро, но само јас знам низ каква голгота поминав, за на крај моите чеда да завршат тортурирани и малтретирани од жена монструм, која ја ангажирав преку агенција, раскажува за Алфа мајката на двегодишното дете, за малтретирањето кое е снимено со безбедносните камери на игротека во скопски Аеродром.

Ја гледав целосната снимка, во игротеката ми ја пуштија. Иако од болка и гнев не можев да ја догледам до крај, видов дека таа го гуши моето дете, ставајќи ја нејзината одвратна рака врз устата и носот на моето дете. Сакам да одговара за обид за убиство, а не само за запуштање и малтетирање. Моето дете не може да спие, постојано плаче – раскажува мајката.

Дадилката монструм, цела година се грижела за детето и за неговите две братчиња. Мајката вели дека имала сомнеж и дека често ја надгледувала без да знае дадилката, но никогаш со свои очи не се уверила дека жената која ја најмила грубо се однесувала со децата.

-Неколку пати забележував модринки и гребаници кај децата, ама таа секогаш имаше добри изговори. Ми велеше дека паднале, се изгребале, а јас бидејќи се три дечиња и постои веројатност меѓусебно да се изгребат играјќи си, слепо и верував. Се уверував сама себе оти дадилка за која од Агенцијата ми рекоа дека има лиценца, иако не ми ја прикажаа, има искуство. Таа за да ги чува децата земаше по 30.000 денари месечно, не можев да поверувам дека може да ги малтретира – вели мајката.

Дадилката монструм од судот доби мерка 30-дневен притвор и таа вчера беше однесена во затворот во Шутка.

Треба да знаете
Последни објави