Search

Манчевски: Ова е прва кампања во историјата на нашата држава во која не се зборува за членство во НАТО и ЕУ,тоа е завршена работа

Ова е прва кампања во историјата на нашата држава во која не се зборува за членство во НАТО и ЕУ ,затоа што ние сме веќе и официјално членка на НАТО и почнуваме преговори со Европската унија. Сега темите кои ја обележуваат оваа кампања и на средбите со граѓаните се решавање на секојдневните потреби на граѓаните, за економијата , здравството,образованието,за локални проблеми, посочи министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Договорот од Преспа е завршена работа и само на шега може да зборуваме за враќање назад. Таквите понуди на некои од политичките партии е неодговорна. За НАТО веќе никој не разговара бидејќи веќе сме членка, сега чекаме да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, нормално е што сега во нашата програма повеќе се насочуваме кон проблемите на граѓаните, бидејќи тоа е завршена работа, истакна Манчевски .

Треба да знаете
Последни објави