Search

Македонската експедиција пристигна во Варшава, играчите пречекани како ѕвезди

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Варшава, каде што в недела ќе го одигра  натпреварот од 8. коло во квалификациската група Г за ЕП 2020, со соодветната домашна селекција на Полска.

Македонските фудбалери на аеродромот во главниот град на Полска беа пречекани како ѕвезди, навивачите кои дојдоа да ги видата „црвено-жолтите“ одблизу бараа да се фотографираат и да добијат автограми од македонските репрезентативци кои настапуваат во европските екипи и добро им се познати на полските љубители на фудбалот.

После триумфот над Словенија во Скопје (2:1), во мислите на избраниците на македоките селектор Игор Ангеловски – Мрме повторно е кадо да се стигне до новас победа прптив фаворизџираниот домасќин и тоа во Варшава. Доколку им се исполни желбата да победат против водечката селекција во групата, тогаш „црвено-жолтите“ ќе бидат блиску до Европското првенство кое следната година ќе се игра во 12 различни земји на „стариот континент“.

Треба да знаете
Последни објави