Search

Македонец е прв кандидат да ја предводи женската фудбалска селекција на САД

Македонецот Влатко Андоновски – Шате е првиот пик да ја преземе селекторската функција на женската репрезентација на САД. Андоновски долги години работи во САД. Тој е тренер на Реин од Такома, Вашингтон. Во Македонија играше фудбал во Вардар, Цементарница, Македонија ЃП, по што замина во САД каде кариерата ја продолжи со играње малфудбал, па му се посвети на тренерскиот позив.

Според медиумите во САД, Андоновски, Ерика Волш Дамбах и Лора Харви се најсериозните кандидати меѓу кои ќе се избира наследникот на Џил Елис кој ја напушти функцијата по освојувањето на Светсткото првенство во Франција ова лето.

-Почестен сум што ме споменуваат како еден од кандидатите за селектор на САД“, кратко порача  Андоновски по најавите дека е меѓу најсериозните кандидати да стане селектор на женската селекција на САД.

Треба да знаете
Последни објави