Search

Маж загина во експлозија на автомобил во Подгорица

Во експлозија на автомобил во центарот на Подгорица денеска е убиен еден човек, изјави Нермин Абдиќ, директор на Ургентниот центар во главниот град на Црна Гора.

Мажот беше донесен во тешка состојба, а лекарите неуспешно се обидоа да му го спасат животот.

Според црногорски медиуми, станува збор за Никола Чупиќ (33), кој во полиција се водел како „безбедносно интересно лице”, блиско со цетинските криминални групи.

Бомбата била поставена под автомобил „тојота” со цетински регистарски таблички, објавија црногорски медиуми.

Полициските патроли на Подгорица трагаат по сторителите.

Треба да знаете
Последни објави