Search

Мадуро сака вонредни избори

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро предложи одржување вонредни парламентарни избори.

Мадуро, во своето обраќање рече  дека провладиното уставно собрание   во наредните денови ќе разговара за неговиот предлог за свикување предвремени избори за Националното собрание, кое е под контрола на опозицијата.

Венецуелските парламентарни избори беа закажани за 2020 година.

Во Каракас денеска истовремено се одржаа митинзи и на поддржувачите на Мадуро и на поддржувачите на Гуаидо.

Десетици илјади луѓе кои го поддржуваат самопрогласениот венецуелски претседател излегоа на улиците на источниот дел на Каракас, и бараа Мадуро да се повлече од власта.

Во исто време, приврзаниците на Мадуро, ги преплавија улиците денес во другиот дел од главниот град на Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави