Search

Лајчак: Одложен состанокот Белград-Приштина

Дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше закажан за понеделник, е откажан поради пандемијата на коронавирусот, соопшти специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

„Поради претпазливост во врска со Ковид-19, состанокот во рамките на дијалогот (Белград и Приштина) закажан за понеделник следната недела ќе биде одложен”, објави Лајчак на својот профил на Твитер.

Лајчак претходно изјави дека делегациите на Косово и Србија ќе се состанат в понеделник, 28 септември во Брисел, за да ги продолжат разговорите за финансиските побарувања и имотот и дека заедницата на српските општини нема да биде на дневен ред.

Не е познат нов датум за состанокот, јави Бета.

Треба да знаете
Последни објави