Search

Кристијан Бејл мора да им каже збогум на драстичните трансформации

Кристијан Бејл е познат по неверојатните телесни трансформации, познатиот актер толку навлегуваше во своите улоги што за нивна потреба драстично ја менуваше својата тежина. Но лекарите му забранија на Бејл да ја менува тежината за потребите на филмот бидејќи тоа може да му го загрози животот. На крајот актерот мораше да го прифати овој совет на лекарите.

За потребите на филмот „Заменик”, во кој го глумеше поранешниот потпретседател на Америка Дик Чејни, Кристијан Бејл се здебели 20 килограми. Поради оваа улога актерот имаше специфична програма на исхрана, јадеше многу колачи, а за вечера секогаш имаше екстра големи порции.

Од друга страна, за потребите на улогата во филмот „The Machinist” од 2013 година, Бејл се изгладнуваше и тогаш имаше само 40 килограми.

Тогаш пиеше кафе и вода во текот на денот и јадеше само едно јаболко. Наскоро тој мораше да ја поврати тежина, затоа што доби улога во серијалот на филмот „Бетмен”, каде што играше главна улога, суперхеројот Бетмен.

Имаше моменти кога Бејл го донесе своето тело до совршенство. Ова беше за потребите на „Американски психо“ од 2000 година, каде што го играше бизнисменот Патрик Бејтмен.

Треба да знаете
Последни објави