Search

Косовското Собрание не ја изгласа резолуцијата на опозицијата за визна либерализација

Резолуцијата на косовските опозициски партии, со која се бара одговорност од Владата на Рамуш Харадинај за неуспехот да обезбеди визна либералзиација, денеска не беше изгласана од пратениците во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во собраниската сала беа присутни 70 пратеници, гласаа 42, од кои гласот „за” резолуцијата го дадоа 40 пратеници, што не беше доволно таа да се усвои. Еден пратеник беше „против” и еден „воздржан”.

Претходно шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти информира дека на вчерашниот состанок со шефовите на пратеничките групи не се постигнала согласност околу предлогот на опозицијата.

Резолуцијата, поднесена од пратеничките групи на ЛДК и Движењето Самоопределување (ВВ), предвидуваше оставка на Владата и распуштање на Парламентот, со што ќе се отвореше патот за нови избори и создавање нови институции.

Треба да знаете
Последни објави