Search

Клоп: Ливерпул сè уште не е шампион

Тренерот на актуелниот европски првак и лидер во англиската премиерлигашка конкуренцја  Ливерпул, Јирген Клоп, побара од неговите избраници да не се опуштаат кога е во прашање борбата за на титулата во Англија. „Црвените“ од Енфилд имаат 25 бода предност пред продолжението на првенството кое е прекинато поради пандемијата со коронавирусот.

– Убаво е да се размислува за тоа, но сè уште не сме шампиони и тоа го знаеме. Знаеме дека сме многу блиску, но работата не е завршена. Сè уште не сме шампиони. Ливерпул мора да игра и да победи и на следните натпревари. Не сакаме да престанеме да победуваме по два или повеќе натпревара. Треба да работиме многу напорно, изјави Клоп.

По 29 одиграни кола во Премиерлигата, Ливерпул на второпласираниот Манчестер сити кој е банител на титулата во Англија му бега 25 бода.

Треба да знаете
Последни објави