Search

Кинезите изненадени од извештајот на ЕУ кој ги обвинува за ширење дезинформации за вирусот

Министерството за надворешни работи на Кина го критикуваше извештајот на Европската Унија, во кој Пекинг е обвинет за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус.

Министерството соопшти дека ЕУ избегнува многу очигледни факти, но конкретно ја споменува Кина, додавајќи дека тоа ги поткопува веродостојноста и кредибилитетот на извештајот, притоа оценувајќи ги обвинувањата против Кина како лажни.

Според извештајот на Европската комисија, Русија и Кина спровеле намерна кампања за дезинформации во ЕУ, нејзиното соседство и низ целиот свет.

Ова е прв пат Кина да биде обвинета од ова тело на ЕУ за ширење дезинформации.

Треба да знаете
Последни објави