Search

Карачиќ: Ако треба ќе играм и со една нога

Еден од најдобрите хрватски ракометари на 14 Европско првенство, поранешниот член на македонскиот Вардар, Игор Карачиќ во завршницата од натпреварот против Шпанија кој го предводеше својот тим кон целосен резултаски пресврт со дест погодоци (22:22) во последните минути од мечот се судри со колента со својот клупски соиграч, сега репрезентативен ривал Алекс Душебаев, по што излезе надвор од теренот и не се врати во игра. Болните гримаси на лицето и завтканото колено со марз, беа сигнал дека Карачиќ има проблем кој ги загрижи љубителите на ракометото пред полуфиналниот дуел со Норвешка. Карачиќ кој беше прогласен за играч на натпреаврот прптив Шведска на ЕП-2020, излезе да ја прими наградата со поткривнување, но пред новиот полуфинален предизвик се огласи да ги отстрани сите стравувања…

-Нема никаква можност да го пропуштам полуфиналето. Ако треба ќе играм и со една нога. Се е во ред, не стравувајте – порача Карачиќ преку видео снимка.

Треба да знаете
Последни објави