Search

Канаваро: Касиљас ќе стане претседател на Шпанската федерација, а јас ќе го тренирам Реал

Поранешниот дефанзивец на шпанскиот фудбалски повеќекратен првак и тим со најмногу европски „круни“ Реал Мадрид и член на италијанската репрезентација Фабио Канаваро упати порака до поранешниот голман Икер Касиљас за време на карантинот поради коронавирус.

Италијанецот се шегуваше за желбата на Шпанецот да се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

– Ти ќе станеш претседател на федерацијата, а јас ќе го тренирам Реал Мадрид, рече Канаваро.

Канаваро изрази восхит и за работата на тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан.

– Морам да му честитам на Зиза. Начинот на кој води тимот, начинот на кој комуницира со навивачите … Тој е одличен. Тој работи неверојатно, нагласи Канаваро.

Треба да знаете
Последни објави