Search

Кавани и Силва како слободни играчи можат да си заминат од ПСЖ

Напаѓачот на францускиот фудбалски повеќекратен првак Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани и дефанзивецот на Тиаго Силва може да си заминат од клубот на крајот на сезоната. Според „ЕСПН” договорите на двајцата играчи истекуваат на крајот на оваа сезона. Парискиот клуб сè уште не предложил продолжување на договорот. Во исто време, Кавани не исклучува дека ќе остане и верува дека сè уште може да го убеди клубот да му понуди нов договор.

Силва не знае за плановите на клубот за него. Според „ЕСПН”, новиот договор со Бразилецот не е приоритет за клубот. Се посочува дека Кавани во случај да го напушти Париз, кариерата може да ја продолжи во американската МЛС. Оваа сезона 32-годишниот Кавани има одиграно четири натпревари за ПСЖ и постигнато два гола, додека Силва (35) има одиграно 11 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави