Search

И Србија ќе воведе задолжителна самоизолација од 14 дена за државјаните од Црна Гора

Србија поради лошата епидемиолошка ситуација во Црна Гора ќе ја воведе мерка за задолжителна самоизолација од 14 дена за сите граѓани на Црна Гора кои ќе пристигнат во ницната држава, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.

Српските државјани во Црна Гора по ескалацијата на пандемијата со коронавирусот, можеа да одата со 14 дневна изолација, а од вчера наместо самоизолација за нив е задолжителен карантин.

Според последните податоци, во Црна Гора во последните 24 часа откриени се 60 новозаразени лица, од кои 30 контакти се од претходно утврдени случаи додека за исто толку се трага по изворот на заразата. Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи е 517, со пет починати пациенти.

Треба да знаете
Последни објави