Search

Истрага за над 60 градежни компании за земјотресот во Драч

На вонредната седница на Советот на министри на Албанија, премиерот Еди Рама рече дека е отворена истрага за 60 компании од Драч за изградба на објекти надвор од сите стандарди. Седницата дојде после разорниот земјотрес на 26 ноември во кој загинаа 51 лице и има илјадници повредени и многу урнати и оштетени објекти, пренесува АЛСАТ-М.

-Шеесет компании од Драч се регистрирани од полицијата, а има 12 подготвени соодветни истраги за компании кои се поврзуваат со градењето, апелирам до другите да дојдат ако сакаат да се исперат во овој процес. Истрагата продолжува. Во истражната група се 30 лица од полицијата за криминал заедно со обвинители кои прибираат документи“-изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Инспекторите наишле на проблеми и поради фактот што многу градежни компании кои изградиле неколку објекти, сега веќе не постојат. Тие соопштуваат дека се земени примероци од сите објекти каде се утврдени оштетувања и истите се испратени во лабораторија за анализирање на квалитетот на бетонот кој бил употребен. До четврток, според специјалистите, било одлучено да бидат урнати 70 објекти кои имале сериозни оштетувања во самата градежна структура.

Треба да знаете
Последни објави