Search

Иран создава заеднички гранични реакциски сили со Пакистан

Иран и Пакистан ќе создадат заеднички сили за реакција на границата меѓу двете земји, рече иранскиот претседател Хасан Рохани за време на дводневната посета на Иран на покана од пакистанскиот премиер Имран Кан, прва во неговиот мандат, пренесува РТ.

Иран и Пакистан делат 959 км копнена граница. Техеран со години се жали на континуирани напади од пакистанските милитанти врз иранските безбедносни сили, а последниот инцидент беше во февруари.

Идните сили ќе имаат цел да ја зајакнат безбедноста на границата и да ги поттикнат билатералните врски меѓу Иран и Пакистан.

Во самоубиствениот напад во февруари загинаа 27 припадници на Револуционерната гарда во провинцијата Систан-Балучистан во Иран. Рохани минатиот месец побара одлучни мерки од Пакистан за борба против антииранските терористи на својата територија.

Сунитката џихадистичка група Џаис ал-Адл (Армијата на правдата), која Техеран ја обвини за бомбашкиот напад врз иранските вооружени сили, е обвинета и од страна на Пакистан за таргетирање на пакистанските војници во својата провинција Балучистан минатата недела. Напаѓачите убија 14 припадници на безбедносните сили.

Пакистански официјални лица изјавија дека базата на поддршка на групата се протега на иранската погранична територија, каде што милитантите имаат тренинг и логистички кампови.

Треба да знаете
Последни објави