Search

Индонезија погодена од силен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди истичниот дел на Индоензија, Папуу, соопшти Американската служба за геолошки надзор.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на потресот бил на длабочина од само 10 километри и дека земјотресите со толку мала длабочина можат да предизивкаат поголема материјална штета.

Американските медиуми јавуваат дека се уште нема информации за евентуални повредени или предузвикана штета.

Индонезија, држава во која живеат повеќе од 260 милиони лица, се наоѓа на таканаречениот пацифички „огнен прстен” и често пати е погодена од сеизмички активности.

Треба да знаете
Последни објави