Search

Западен Балкан и источниот Медитеран во фокусот на средбата Борел-Дендиас

Ситуацијата во Источниот Медитеран и Западен Балкан биле во фокусот на средбата на високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, според нивните твитови, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија по средбата во Брисел, во изјава за медиумите рече дека детално го известил Борел за прашањата што се однесуваат на двата меморандумa меѓу Турција и Либија и побарал од него да се преземат неопходните чекори не само поради „европската солидарност кон земји членки на ЕУ, туку и од потребата да се одбрани меѓународното право и морското право”.

Денешната средба, како што рече Дендиас, беше прва на високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност со министер за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави