Search

Ердоган не очекува санкции од САД поради рускиот систем С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека не очекува дека САД ќе ѝ наметнат санкции на Турција, поради планираното купување на руски ракетен одбранбен систем, но дека ќе одговори ако дојде до такво нешто.

Обраќајќи се на ретка прес-конференција за странски новинари во Истанбул, Ердоган повтори дека е постигнат договор за купување на рускиот систем С-400 и нагласи дека САД треба внимателно да размислат пред да воведат санкции на членките на НАТО.

„Не гледам никаква можност да дојде до санкции. Но, aко дојде до тоа, ние ќе ги преземеме нашите санкции“ рекол Ердоган.

Турскиот претседател истакнал дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г20, на крајот од месецот во Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави