Search

Ердоган: Во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих” и ќе ги соопштиме новите резерви

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во сабота ќе го посети бродот за сондажа „Фатих”, каде што лично ќе ги види работите и ќе го соопшти износот на новите резерви, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган ова го истакна за време на неговото обраќање на состанокот на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во турскиот Парламент.

Турскиот претседател нагласи дека за време на бројните телефонски и видеоконференциски разговори што ги реализирал со светските лидери, разговарале за прашања на регионално и глобално ниво.

Според него, со сите страни често дискутирале и за кризните зони како Источниот Медитеран, Либија, Сирија и Азербејџан, и ефективно ги користеле дипломатските канали.

Ердоган истакна дека нема да дозволат нови хуманитарни трагедии во Сирија и оти никогаш нема да отстапат од безбедноста на границите.

Тој рече дека со цврст став покажале оти во Источниот Медитеран нема шанси да се реализира некаков план без да се земат предвид правата и интересите на Турција и кипарските Турци.

Турскиот претседател нагласи дека бродот „Јавуз”, кој врши сондажа во регионот, ја завршил работата што ја реализирал извесно време и се вратил на пристаништето заради одржување.

Ердоган информира дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис”, исто така, ги завршил работите за одржување и се вратил на својата мисија во Медитеранот, додека според него, бродот „Барбарос Хајретин-паша” продолжува со сеизмички истражувања во Медитеранот.

– На Грција и грчката кипарска администрација, кои не го одржаа зборот даден на преговорите реализирани на платформите од Европската Унија и НАТО, ќе продолжиме на терен да им го даваме одговорот што го заслужуваат, рече Ердоган.

Тој истакна дека бродот „Кануни”, кој последен го вклучиле во флотата за сондажа на Турција, по завршување на работите за одржување, тргнал на извршување на неговата мисија во Црното Море.

– Очекуваме добри вести и од активностите на бродот „Кануни”, кој по посетата на Истанбул и Зонгулдак ќе пристигне во зоната определена за сондажа, додаде тој.

Турскиот претседател рече дека турскиот народ се израдувал на веста дека бродот за сондажа „Фатих” открил резерва на природен гас од 320 милијарди кубни метри, пренесува Анадолија.

– Доаѓаат нови добри вести од работите за сондажа на овој наш брод, што се во тек. Се надеваме дека во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих”, каде што лично ќе ги видиме работите и ќе го соопштиме износот на новите резерви, истакна Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави