Search

Енрикe се бакнуваше со обожавателка на сцената и и го допираше задникот

Енрикe се бакнуваше со обожавателка на сцената и и го допираше задникот

Пејачот Енрике Иглесијас (43) извлече обожавателка од публиката на последниот концерт во Амстердам и се бакнуваше со неа на сцената. Фотографите го фатија моментот кога пејачот ја фати за задник обожавателката облечена во  фармерки со дезен на леопард.

Додека го пееше хитот „Hero“, тие прво се гушкаа, а потоа станаа уште поинтимни. Инаку не е првпат пејачот да избере „среќна обожавателка” и да ја доведе на сцената за да ја бакне.

„Тоа не го правам секогаш, туку само кога сум расположен. Без јазик, се разбира, – откри Енрике Иглесијас.

Освен што подготвува голем број концерти, пејачот го помининува слободното време грижејќи се за своите деца, близнаците Николас и Луси, кои ги доби со неговата девојка Ана Курникова (36) минатата година. Не е познато што вели таа за неговите врели бакнежи на сцената.

Треба да знаете
Последни објави