Search

Душко Весковски е нов организационен секретар на СДСМ

Директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Скопје, Душко Весковски е избран за нов организационен секретар на СДСМ, одлучи Централниот одбор на партијата кој се одржува денеска во Охрид, дознава 24 Инфо.

Весковски од 2009 година е на функции во партијата, откако од 2009 е член на извршниот одбор на ОО Карпош.

Советникот на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, професорот Дане Талевски е избран за секретар за меѓународна соработка. Мартин Попов, пак, е именуван за директор на Центарот за истражување и анлиза на СДСМ.

Попов во моментов ја извршува финкцијата помошник директор на ЈП„Градски паркинг“ Скопје.

Треба да знаете
Последни објави