Search

До средината на неделата сончево време со благ пораст на температурата

До среда не очекува сончево време со благ пораст на температурата која ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со
услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а
потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Утре утринската ќе биде од нула до девет степени, а дневната од 11 до 21 степен. Во понеделник најниската температура утринска во земјава ќе биде под нулата од минус два до седум степени, а дневната од 15 до 22 степени. Во вторник утринската од 3 до 11 степени, дневната од 16 до 23 степени, во четврток минималната од 3 до 10, дневната од 14 до 20 степени и во петок утринската од 4 до 11 и дневната од 13 до 19 степени.

Треба да знаете
Последни објави