Skip to main content
Хроника

Две лица уапсени по бегство од полиција и откритие на бесправно исечени огревни дрва

29/10/2024  17:04

На 28.10.2024, во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.Ш. (20) и Ф.Ф. (30), двајцата од Радовиш. Инцидентот се случил околу 21:30 часот на локалитетот „Еренџе” на планина Плачковица, кога полициските службеници им дале знак на патничко возило “форд” со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „опел” без регистарски ознаки да застанат. Лицата, меѓутоа, не ја почитувале наредбата и се дале во бегство.