Search

Две лица во Црна Гора платиле половина милион евра за отстранување „црна магија“

Три лица од Плав, Црна Гора извршиле кривично дело измама со тоа што од две лица зеле повеќе од половина милион евра за наводно отстранување „црна магија“.

Против нив полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело измама.

Се сомнева дека тие довеле во заблуда две лица со тоа што едното платило 57.000 долари, а другото го навеле да им даде меѓу 430 000 и 500 000 евра, сето тоа за симнување на „црната магија“, соопшти Полициската управа на Црна Гора.

Се сомнева дека тие го сториле кривичното дело во периодот од 2017 до 2020 година, со намера да се здобијат со противправна имотна корист.

Треба да знаете
Последни објави