Search

Дали Ден Дончев водел хајка да се спречи шведска инвестиција во македонското здравство?

Сопственичката што ја продаде македонската компанија којашто има регуларна концесија за услуги за дијализа во дел од земјата, на светки познатата компанија „Диаверум“, скопјанката Вера Иванова, чии средства сега се замрзнати во банка во Монако, поднесе кривична пријава против Ден Дончев и против министерот Венко Филипче, пишува „Плусинфо“.

Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Адвокатите на оштетената Вера Иванова својата кривична пријава ја поткрепуваат со документација и со писмена евиденција за преписката во која се допишуваат министерот, странскиот инвеститор и шведскиот амбасадор. Од таа кореспонденција, тврди пријавувачот, јасно се гледа намерата на пријавените Дончев и Филипче да се спречи странската инвестиција во Македонија, со цел остварување имотна корист преку злоупотреба на нивните функции. Затоа, подносителот на пријавата бара Јавното обвинителство да ги преземе сите мерки согласно со законот.

Според авторот на текстот, Бранко Героски ќе биде интересно да се види како на ова ќе одговорат пријавените Дончев и Филипче, но ќе треба да се види и тоа дали подносителот на кривичната пријава има и други аргументи и адути, нешто уште поспектакуларно да ѝ соопшти на јавноста.

Треба да знаете
Последни објави