Search

Грчкото МНР ги осудува подметнатите пожари на возила на турски службеници во Солун

Со експлозивен материјал биле потпалени автомобили на турски службеници во Солун, кусо пред 5 часот утрово.

Подметнатите пожари се случиле на две различни локации во Солун, а материјална штета била предизвикана и на возилата што се наоѓале во близина.

Министерството за надворешни работи на Грција излезе со осуда на инцидентот со запалени возила на турски службеници во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

-На најкатегоричен начин ги осудуваме подметнатите пожари што се случија денес во Солун и предизвикаа штета на возило на вработен во турскиот конзулат, на возило на турски службеник од BSTDB банката како и на други приватни возила паркирани во близина. Неприфатливите и неодговорните вакви активности се спротивни на вредностите и принципите кои ја одредуваат грчката политичка култура и нема да ја постигнат нивната цел, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека надлежните власти работат на расчистување на случајот и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Треба да знаете
Последни објави