Search

Грција го изолира и Солун

Грција од денеска воведе регионална блокада во вториот по големина град Солун, како и во Лариса и областа Родопи по зголемениот број на новозаразени лица од  коронавирусот. Земјата бележи значително помал број на инфицирни во однос од другите земји во Европа, но случаите рапидно растат од почетокот на октомври. Бројките повторно се четирицифрени.

Во средата, Грција регистрираше 1.547 нови случаи, што е најмногу за еден ден. Бројот на починати од почетокот на коронавирусот кон крајот на февруари досега достигна 615. „Просечната возраст на нови инфекции сугерира дека постои голема корелација со собири за забава, спорт и други активности“, рече министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас.

Премиерот Кирјакос Мицотакис вчера најави дека ќе бидат воведени понатамошни ограничувања за да се спречи ширењето на ковид-19. Се дознава дека владата денеска ќе претстави едномесечен план за борба против вториот бран на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави