Search

Градоначалникот Смилевски подели 200 хуманитарни пакети

Градоначалникот Смилевски подели 200 хуманитарни пакети

Општина Бутел во соработка  со Невладината Организација Извор продолжи  со делење на хуманитарни  пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од корона вирусот.
Минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтери од НВО Извор поделија  200 пакети на три пункта : Визбегово, Бутел 2  ул.  Рокомија   и Бутел 1  на ул. Боца Иванова.
Акцијата за делење на пакети со храна за овааа ранлива категорија Општина Бутел ќе ја продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.
Треба да знаете
Последни објави