Search

Гласањето за Брегзит во британскиот парламент ќе се одржи на 11 декември

Гласањето за брегзит во британскиот парламент ќе се одржи во вторник, 11. декември, изјави денеска портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.

Агенцијата „Ројтерс“ информира дека тој го изјавил ова поради шпекулациите во медиумите дека гласањето би можело да биде одложено.

Порталот „Политико“ пренесува дека британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, предупредил оти менувањето на одлуката за брегзит може да доведе до немири какви што последниве недели го тресат Париз.

Тој, како што се пренесува, ги повикал пратениците да го поддржат планот на британската премиерка за брегзит, истакнувајќи дека треба да размислуваат за решение кое ќе ја обедини државата.

Треба да знаете
Последни објави