Search

Геце погоди за ПСВ девет минути по дебито

Засилувањето на холандскиот фудбалски прволигаш Марио Геце го отвори резултатот во натпреварот од 5. коло против Цволе.

Дваесет и осумгодишниот играч за врска го искористи киксот на дефанзивецот на ривалот, пресретна додавање кон голманот во казнениот простор, го помина голманот и погоди во празна мрежа.

Геце дебитира за клубот од Ајндховен и веднаш го постигне првиот гол, за што му беа потребни само девет минути. 

Треба да знаете
Последни објави