Search

Вучиќ бара од Кина три моќни ракетни системи ФК-3

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ побарал од кинескиот претседател Кси Џинпинг три ракетни систем ФК-3, а деталите во врска со набавката треба да бидат договорени за време на посетата на Џинпинг на Србија следната година, пренесува неофицијално „Блиц“.

„Вучиќ побара три системи ФК-3 по цена од 200 милиони долари. Еден чини 100 милиони евра, но ако Кина се согласи буквално ќе добие три системи за цена од две, открива изворот на „Блиц“ од воениот врв.

Според него, овие системи би биле доволни Србија да се одбрани од напади од соседството.

„Еден ракетен систем е доволен за одбрана на Белград, додека три до пет може да ја покријат територијата на цела Србија,вели соговорникот“.

За време на неодамнешната воена вежба „Денот на победата“, претседателот на Србија спомена набавка на моќно оружје,но не наведе за што станува збор со образложение дека ако каже може да им воведат санкции.

Кинескиот систем всушност ја носи ознаката HQ-22, додека ФК-3 се наменети за извоз. Тоа е систем произведен во 2014 година, развиен на постарата HQ-12 платформа. ФК-3 е систем со среден дострел, има способност да ги собори борбените авиони од третата генерација, крстосувачки ракети, борбени хеликоптери и беспилотни летала. Верзијата за извоз која би ја добила Србија е послаба од оние за кинеската армија, но сепак станува збор за респектабилно оружје.

Системот ефективно уништува цели на растојание до 100 километри и висина од 50 метри до 27 километри, се монтира на шасијата на камионот марка “Шанкси”, истрелува 12 ракети на шест цели во исто време, има радар за следење и пресретнување на целта, има радио команда и полуактивно управување насоки.

Оваа верзија на кинескиот ПВО систем не може да се мери со рускиот С-400 или американскиот „Патриот“, но е врвно оружје кое може да ги заштити целите и е верна копија на рускиот С-300.

Треба да знаете
Последни објави