Skip to main content
Хроника

Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари

07/11/2024  13:23

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

А. С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица што бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанството. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.