Search

Во Суд на ОН почна сослушување за притворените украински морнари

Пред Меѓународниот суд за поморско право во Хамбург денеска почна дводневното сослушување за случајот со притворените украински морнари во Русија.

Украина бара итно ослободување на морнарите и бродовите, наведувајќи дека ако тоа не се случи, ќе значи дека Русија ги прекршила правата на Украина.

Русија тврди дека правото на суверенитет, на кое се повикува Украина, во овој случај не може да биде применето, бидејќи станува збор за „воен исклучок”.

Русија приведе 24 украински морнари и конфискува три брода во Керченскиот теснец во ноември минатата година, тврдејќи дека бродовите влегле во нејзините територијални води.

Треба да знаете
Последни објави