Search

Во Прага се наоѓа најдобриот европски хостел

Хостел во Прага e прогласен за најдобар во Европа и најдобар мал хостел во светот за соло патници, на годинашното доделување на познатите хостелски оскари „Хоскарс“.

Хостелот „RoadHouse“ во стариот дел на градот е опишан како идеално место за друштвените патници, а доби и награда како најдобро сместување за соло патници што се гледа во порастот од 42 отсто на резервации од туристи кои патуваат сами во периодот меѓу 2015 и 2017 година.

Хостелските оскари се најпрестижните награди во туристичката индустрија, кои ги организира познатиот портал за резервации „Hostelworld“ и кои се базираат на податоци од повеќе од 1,2 милиони рецензии доставени во текот на претходната година, при што се оценуваат повеќе од 36 илјади објекти во 170 земји. Наградите ги класифицираат сместувањата во 29 категории, а новата категорија посветена на соло патници има за цел да ги афирмира хостелите кои поттикнуваат ваков начин на патување. Резервациите на порталот, кога се соло патниците во прашање се зголемени за 45 отсто во хостелот „We Love F“ во Лисабон, кој исто така годинава освои награда.

Најдобро оценет хостел за машки соло патници е „One Paralelo“ во Барселона кој нуди бесплатна вечера и забави секоја вечер.

Треба да знаете
Последни објави