Search

Во Марибор се протестираше поради полицискиот час

Од синоќа во 21 часот, за прв пат во историјата на независна Словенија се спроведе полициски час за граѓаните на кои им беше забрането движење до 6 часот утрово. Од полноќ, дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Воведувањето полициски час во главниот град беше прилично мирно, според хрватскиот портал Индекс и додаде дека нешто по 21 часот улиците станаа празни, а фоторепортерот 24ura на улиците најде претежно само полицајци.

Малку беше поразлично во Марибор, каде што околу стотина демонстранти се собраа на Главниот плоштад. Меѓу другото, тие извикуваа дека полицискиот час не е уставен.

Синоќа, како реакција на протестот, премиерот Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.

Утрово владиниот портпарол за коронавирус Јелко Кацин ги повика луѓето да останат во своите домови.

Во вторникот словенечката влада одлучи да се дозволат натпревари во колективни спортови, но само оние на највисоко ниво, додека во индивидуални спортови, големи домашни и меѓународни спортски настани се дозволени без гледачи.

Треба да знаете
Последни објави